Украински неонацисти: Војската нека се повлече, ние остануваме да се бориме!
Лидерот на украинското движење „Десен сектор“, Дмитриј Јарош, изјавил дека тој и неговите преостанати следбеници ќе го отфрлат мировниот договор од Минск и дека нивните паравоени едници на истокот од Украина продолжуваат „активна борба“ според своите планови.
Злогласниот лидер нултранационалистите објавил соопштение на својот профил на Фејсбук во кој вели дека „Десниот сектор“ не го признава мировниот договор, а било кој договор со проруските сили нема правна сила.
Тој наведува дека спогодбата од Минск е против украинскиот Устав, така што украинските граѓани не мора да ја почитуваат.
„Доколку војската добие наредба да прекине со воените активности и повлече тешкото вооружување од регионот на истокот, паравоените формации од „Десниот сектор“, кои таму се борат, го задржуваат правото да продолжат со борбата“, истакнува Јарош.
