Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украински министер за внатрешни работи: „Ни се случува оружена инвазија или окупација!“

Украински министер за внатрешни работи: „Ни се случува оружена инвазија или окупација!“
Заземањето на аеродромите на Крим од групи вооружени луѓе за новиот украински министер за внатрешни работи Арсен Аваков претставува „оружена инвазија или окупација“. Групи од неколку десетици вооружени лица без ознаки на униформите утрово го зазедоа воениот аеродром во Севастопол и меѓународниот аеродром во главниот град на Крим, Симферопол. „Сметам дека ова што се случува е оружена инвазија или окупација, која претставува кршење на сите меѓународни договори и норми“, напиша Аваков на својот Фејсбук профил. Според него, немало судири кога вооружените лица кои ги опишува како „припадници на руските поморски сили“ го зазеле воениот аеродром во Севастопол, каде што е базата на руската Црноморска флота. Без судри претходно бил заземен и аеродромот во Симферопол, кој продолжува да работи и покрај тоа што вооружените лица уште се во зградата. Вооружените мажи не сакале да откријат кои се и од која националност, но тврделе дека го обезбедуваат аеродромот „за да спречат пристигнување на припадници на новите украински власти“. http://www.youtube.com/watch?v=jbk7zmjZU-s
Слично

Поврзани вести