Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНСКИ МИНИСТЕР ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД РАЗУРНАТИОТ ГРАД: „Нехумано руско злосторство“

УКРАИНСКИ МИНИСТЕР ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД РАЗУРНАТИОТ ГРАД: „Нехумано руско злосторство“

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба објави на Твитер фотографија од разурнатиот Мариупол, со фокус на театарот уништен во рускиот напад. Заедно со фотографијата напиша: „Ова се урнатините на драмскиот театар во Мариупол, каде се криеја стотици цивили. Нехумано руско воено злосторство.

Сакам да прашам мултинационални компании кои сè уште работат со Русија или во Русија: како можете да работите со нив? Како можете да ги храните, да им служите и да им плаќате на оние што го направиле ова?



Да потсетиме, Мариупол со денови доживува напади на руските сили. Падот на овој украински град, според бројни анализи, би значел голем напредок за Русите, кои на тој начин би го поврзале Крим со териториите кои ги држат руските сепаратисти.


Слично

Поврзани вести