Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украински милијардер нуди 100 милиони евра за нова „железна завеса“ кон Русија

Украински милијардер нуди 100 милиони евра за нова „железна завеса“ кон Русија
Еден од најбогатите олигарси во Украина Игор Коломојски сака да подигне нова верзија на „железната завеса“, која ќе ја држи Русија подалеку од неговата земја. Станува збор за електрична ограда, која би се протегала по целата должина на границата меѓу двете држави. Тој е спремен во проектот да вложи 100 милиони евра од своето огромно лично богатство. Неговиот амбициозен план, сепак тешко дека ќе ја види светлината на денот, но факт е дека Коломојски има приврзаници меѓу украинската политичка елита, како еден од главните играчи на енергетскиот пазар. Неговото лично богатство се проценува меѓу 3 и 6 милијарди долари. Својот предлог за електрична ограда Коломојски веќе му го изнел на украинскиот претседател Петро Порошенко. „Целта е да се спречи упад на луѓе од земјата која ја започна агресијата“, објаснил неговиот портпарол. Доколку некогаш биде изградена, оградата од многу цврст челик низ која ќе поминува струја ќе биде долга 1.900 километри, а од двете страни ќе бидат ископани и одбранбени ровови. Смртоносната ограда не е прв предлог на 51-годишниот Коломојски со цел да и помогне на татковината на начин на кој тој најдобро знае - со многу пари. На почетокот од судирот со Русија тој понуди да плати 10.000 долари за секој руски „саботер“ што ќе го уапсат Украинците. Според системот на награди, што самиот го измисли, од 1.000 до 2.000 долари беше подготвен да го плати секое парче запленето руско оружје.
Слично

Поврзани вести