Украински хеликоптер се урна во Словачка, загинаа 6 лица
Украински цивилен хеликоптер се урнал во источна Словачка, пренесуваат агенциите.
Претставник на словачките власти потврдиле дека 6 лица загинале. Според нивните зборови хеликоптерот се урнал во близина на границата на Украина со Словачка. Тие не дале дополнителни информации за инцидентот.
Словачкиот весник истакнува дека хеликоптерот бил пресретнат уште во средата во словачкиот воздушен простор, но властите дознале за катастрофата едвај денеска.
Слично
