Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украински герилци објавија дека запалиле руска воена база на Крим

Украински герилци објавија дека запалиле руска воена база на Крим

Гори руска база на Крим. 

Украинското герилско движење „Атеш“, кое дејствува на Крим, денеска ја презеде одговорноста за палењето на руската воена база, објави „Украинска правда“.

„На овој „проект“ работевме долго време и, се разбира, сè излезе како што треба. Ќе продолжиме да ја уништуваме руската армија одвнатре“, изјавија членовите на „Атеш“ на Телеграм.

Ветија дека ќе го објават бројот на жртвите. „Украинска правда“ наведува дека некои руски медиуми во саботата објавиле дека има пожар во селото Советске, а се зборувало и за загинати војници. Прорускиот канал „Кримски“ пишувал за двајцата загинати војници, повикувајќи се на извор од владата на Крим, а по пожарот се преместени околу 200 војници. Тогаш руската страна кажа дека причина за пожарот е „невнимателно ракување“. 

Украина го нападна окупираниот Мелитопол, стратешки лоциран град во југоисточниот дел на земјата, соопштија украински и руски извори. Промосковските власти во областа велат дека две лица загинале, а 10 се повредени.

Во меѓувреме, голем број од жителите на украинскиот град Одеса се без струја по руските напади.

Украина е подготвена да ја гранатира територијата на Русија, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Тој му се закани на рускиот колега Владимир Путин. Изјава ја потврди и секретарот на Советот за национална безбедност на Украина, Алексеј Данилов.

Слично

Поврзани вести