Украински функционер и бизнис лидер шпионирале во корист на Русите
Украина уапси двајца функционери за шпионажа во корист на Русите.
Станува збор за висок владин функционер и еден бизнис-лидер, кои се осомничени дека се дел од наводната руска шпионска мрежа, објави денеска Украинската служба за безбедност (СБУ), пренесува „Ројтерс“.
Во соопштението објавено на апликацијата „Телеграм“, стои дека СБУ извршила специјална операција во неколку фази со цел да го неутрализира наводниот шпионски синџир.
„Како резултат на тоа, во Киев се приведени шефот на одделот на Секретаријатот на Кабинетот на министрите и шефот на една од дирекциите на Трговско-индустриската комора“, стои во соопштението на СБУ.
Слично
