Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНСКИ ДРОНОВИ ГО НАПАДНАА СЕВАСТОПОЛ:Американците го испратија моќниот RQ-4 Global Hawk во извидница

УКРАИНСКИ ДРОНОВИ ГО НАПАДНАА СЕВАСТОПОЛ:Американците го испратија моќниот RQ-4 Global Hawk во извидница

Американскиот стратешки дрон RQ-4 Globalhawk денеска е забележан како патролира во близина на Севастопол, откако вчера рано се случи нападот на тој град на полуостровот Крим, кој го извршија украински беспилотни летала.

Апликацијата Flight radar24 го забележала стратешкото извидувачки дрон RQ-4 Global Hawk како кружи во неутрален воздушен простор над Црното Море.

Оваа активност на американски беспилотни летала доаѓа веднаш по судирот меѓу руската воздушна одбрана и украинските беспилотни летала.

Бродовите на Црноморската флота рано утринава одбија напад со беспилотни летала врз Севастопол, објави гувернерот на градот Михаил Развозајев.

-Ситуацијата е под контрола. Сите оперативни служби се во готовност, напиша Развозајев на својот канал на Телеграм.

RQ-4 Глобал Хок

RQ-4 Global Hawk е создаден како идеја на американската одбранбена агенција DARPA за набљудување од големи височини и растојанија. Еден од седумте прототипи прелета над Атлантикот во 2000 година и Тихиот Океан една година подоцна. Беспилотното летало се состои од извидувачки сензори, доверлив пакет кој се состои од радар со синтетичка антена и индикатор за подвижна цел, електро-оптички и IR уреди, како и систем за навигација GPS и iNS.

Првата борбена употреба на овој дрон беше над Авганистан во 2001 година, а беше користен и во Ирак во 2003 година.

ФОТО: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Слично

Поврзани вести