Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНСКИ ДРОН ПОГОДИЛ АВТОБУС ВО БЕЛГОРОД: Русија тврди дека има пет жртви

УКРАИНСКИ ДРОН ПОГОДИЛ АВТОБУС ВО БЕЛГОРОД: Русија тврди дека има пет жртви

Русија тврди дека пет лица загинале во украински напад со дрон врз автобус во Белгород. Нападот се случил во градот Шебекино, југоисточно од Белгород, во близина на границата со Украина. 

„Најмалку пет патници загинаа при украински напад со беспилотно летало врз автобус во руската погранична Белгородска Област“, изјави вршителот на должноста гувернер на регионот, Александар Шуваев.

Според него, повредени се најмалку 23 патници. Тој наведе дека меѓу загинатите има четири жени и едно момче.

Белгородската Област претставува важна база за распоредување на руските сили кои учествуваат во војната против Украина.

Десет луѓе загинаа во руски ракетен напад врз товарен брод близу пристанишниот град Одеса, објавија украинските власти, што е најсмртоносниот напад откако пред повеќе од една недела се засили конфликтот во Црното Море.

Војната почна на 24 февруари во 2022 година. 

Слично

Поврзани вести