Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинската војска: Руски авиони и дронови во регионот на Мариупол

Украинската војска: Руски авиони и дронови во регионот на Мариупол

Украинската војска потврдува дека на воздушниот простор во регионот на Мариупол, пристанишниот град од истокот на Доњецката област на Азовското море, регистрирани се руски извидувачки авиони и беспилотни летала, пренесува агенција Унн.

Портпаролот за весници од одделот „М“ на украинските сили Дмитриј Чали изјавил дека за последните 24 часа во небото над Мариупол шест пати се регистрирани „дронови“ и дека утрово во шест часот и 20 минути „над Талаковка и Гнутов се забележани извидувачки авиони на Руската Федерација“.

Украинската новинарска агенција потсети на податоците од „Штабот за спороведување на антитерористички операции“ според кои во минатиот ден и ноќ долж конфликтната линијата на украинската војска 15 пати се забележни „противнички беспилотни летала“.

Слично

Поврзани вести