Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинската војска го стегна обрачот кај Доњецк

Украинската војска го стегна обрачот кај Доњецк

Украинската војска го завзеде најголемиот дел од градот Иловајск, кај Доњецк, со што го стегна обрачот околу клучното жариште на проруските бунтовници на истокот од Украина, соопштија денеска официјални лица од владата на Киев.

Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков наведе на својот фејсбук профил дека еден војник е загинат, а дека четворица се ранети, кога единицата на доброволците е нападната на влезот во тој град.

Командантот на баталјонот на Доњецката област Семион Семенченко, кој исто така е ранет во тој напад, рекол дека владините сили уништиле три контролни пункта на проруските сепаратисти и четири позиции за напади, а дека судирите уште траат.

Украинската војска своите напори ги фокусираше во последно време на обиколување на Доњецк, најголемиот град кој го контролираат бунтовниците.

Судирите се одвиваат и на улиците во Луганск, а украинските сили денеска најавија дека освоиле една четвртина во тој град.

Слично

Поврзани вести