Украинската влада соопшти дека го заземала Луганск
Советот за национална безбедност на Украина денеска соопшти дека владините трупи после два дена улични борби ја превземале контролата над поголемиот дел од градот Луганск.
„Владините сили сега контролираат значаен дел од градот“, рекол портпаролот на Советот за национална безбедност Андреј Лисенко, пренесува агенцијата АП.
Украинксите медиуми утрово објавија дека во градот влегла колона на руска воена техника без ознака, како и 1.200 војници во „зелени униформи“ не наведувајќи повеќе детали.
Во Луганск е прогласена состојба на хуманитарна катастрофа, бидејќи во градот веќе 18 дена нема струја и вода, а телефонските врски се прекинати.
Русија минатата недела испрати хуманитарен конвој на помош за жителите на Луганск, но украинксите власти не дозволиле камионите да ја поминат границата.
