Украинската влада со пакет санкции за Русија
Украинската влада одобрила воведување на пакет од 26 видови санкции во однос на Русија, изјавил украинскиот премиер Арсениј Јаценјук, пренесуваат српски медиуми.
„Кабинетот на министрите на Украина го одобри нацрт-законот за воведување на санкции. Ова е прв пат во историјата на Украина, кога ние како држава преземаме санкции во однос на странски субјекти кои вршат злосторства против нашата земја и нашите граѓани“, изјавил украинскиот премиер. Меѓу санкциите се замрзнување на средства, забрана за вршење на дејност, забрана за приватизација на државната сопственост, забрана за користење на лиценци, како и целосна и делумна забрана за транзит на ресурси.
Владата на Украина до Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) испратила листа со санкции, во која има 172 граѓани на Русија и други земји, како и 65 правни лица, од кои повеќето руски, додава украинскиот премиер.
