Украинската полиција објави дека спречила терористички напад врз државниот врв
Украинците тврдат дека спречиле терористички напад врз државниот врв.
Јевхен Јенин, заменик министер за внатрешни работи на Украина, во телевизиско интервју изјави дека нападот е спречен благодарение на информации добиени од украински оперативни извори. Кажа дека ќе може да даде многу повеќе информации за тоа по победата во војната против Русија. Информацијата не е независно потврдена. Откако почна војната на 24 февруари, украинските власти во неколку наврати објавија дека спречиле атентат на претседателот Володимир Зеленски.
Слично
