Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинската песна која победи на Евровизија е посветена на сите мајки

Украинската песна која победи на Евровизија е посветена на сите мајки

Украина синоќа победи на Евровизија со песна која е посветена на сите мајки. 

Од Калуш Оркестар објаснија за што точно станува збор. 

„Песната беше посветена на мајка ми, по која го доби своето име, но сега таа е песна за сите мајки“, вели фронтменот Олех Псиук.

Авторот на песната раскажува колку неговата мајка се потрудила за него, а свесен е за нејзините борби низ кои морала да помине. Tие за песната имаат и спот со кадри од војната која во Украина почна на 24 февруари. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести