Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинската офанзива пропадна по само еден месец

Украинската офанзива пропадна по само еден месец


Само што помина првиот месец од украинската офанзива која требаше да биде толку голема да направи пресврт во војната, но досега само украинските загуби се големи. Затоа, не е чудно што украинското политичко и воено раководство одлучи да ја прекине офанзивата, но премолчено и имплицитно, коментираат западни медиуми.

Задача да ја информира украинската и светската јавност за фактичкиот крај на офанзивата доби секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Олексеј Данилов. Во твитот објавен вчера, тој напиша „Во оваа фаза на активни непријателства, украинските одбранбени сили ја исполнуваат задачата број еден: максимално уништување на жива сила, опрема, складишта за гориво, воени возила, командни пунктови, артилериски и противвоздушни сили на Руската армија“.

Во превод, украинското воено раководство се откажа од понатамошни обиди за поголеми офанзивни операции, односно големата украинска офанзива пролет-лето се прекинува бидејќи уништувањето на непријателската жива сила и опрема е редовна задача на армиите за време на војната, без оглед на тоа дали се во офанзива или во дефанзива.

Украинската политичка и воена елита се повеќе се лути на критиките од Западот дека офанзивата не оди добро. Претседателот Зеленски најавуваше офанзива со месеци.  Украинците се иритирани од тврдењата на западните медиуми дека украинската офанзива е огромен неуспех и покрај помошта од 70 милијарди долари досега.


Слично

Поврзани вести