Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинската армија може да употреби меѓу 5.000 и 6.000 артилериски гранати дневно, а руската армија истрелува десет пати повеќе

Украинската армија може да употреби меѓу 5.000 и 6.000 артилериски гранати дневно, а руската армија истрелува десет пати повеќе

Украина од западните земји доби само 10 отсто од вооружувањето кое го бараше. 

Сега украинската армија нема доволно оружје и воена опрема за рамноправно да и се спротивстави на руската војска. 

„Капацитетите на Русија во однос на персонал и оружје се неспоредливо поголеми од нашите. Колку и да вложуваме труд и колку и да е професионална нашата армија, без помошта на западните партнери нема да можеме да победиме во оваа војна“, изјави заменик-министерката за одбрана Ана Малијар, пренесува ТАСС.

Вели дека украинската армија може да употреби меѓу 5.000 и 6.000 артилериски гранати дневно, додека руската армија истрелува десет пати повеќе.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика да се испрати повеќе оружје со голем дострел за да може да им се спротивстави на руските сили. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести