Украинска офанзива во Славјанск, Москва веќе не верува во мирно решение
Украинските безбедносни сили од утрово започнаа офанзива во источниот град Славјанск, во обид да го вратат под контрола од проруските бунтовници.
Во специјалната операција во која била вклучена и украинската војска, со војници и 20 хеликоптери, целосно биле блокирани пристапите до градот. Во судирите загинал еден од бунтовниците, но и еден од пилотите на хеликоптер кој бил соборен, потврди украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков.
Проруските сепаратисти објавија дека успеале да урнат два украински хеликоптери, а бројот на жртвите е и поголем.
http://www.youtube.com/watch?v=98RjjaYpw2E
Иако операцијата официјално заврши, сепак ситуацијата во Славјанск и натаму е напната, а стигнаа и првите реакции од официјална Москва. Според портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, украинската офанзива задала конечен удар на напорите за мирно решение на кризата и руските власти се помалку веруваат оти такво решение е можно.
Слично
