Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНСКА ОФАНЗИВА ВО КУРСК: Колку километри напредуваа?

УКРАИНСКА ОФАНЗИВА ВО КУРСК: Колку километри напредуваа?

За еден ден од новата офанзива Украинците напредувале пет километри кај Курск. 

Вооружените сили на Украина успеаја да ја пробијат одбраната и да напредуваат 5 километри на руска територија, пишуваат во нов извештај аналитичарите од Институтот за проучување на војната (ИСВ). Напредувањето на украинските сили се случило југоисточно од Суџа – во областа на селата Махновка и Черкаска Конопелка. Украинските сили исто така, ја презеле контролата врз фармата Колмаков и селото Фанасеевка.

Украинската армија распореди до два механизирани баталјони на пешадиски борбени возила и оклопни борбени возила, поддржани од тенкови и возила за расчистување на пречки, пишува Z-каналот „Два мајори“. Во изминатите 24 часа имало осум бранови напади во правец на Черкаскаја Конопелка и селото Уланок. Овие контранапади и нивниот успех се клучни за стабилноста на Украина во областа Курск и се неопходни за враќање на безбедноста на украинските линии за снабдување во Суџа, истакнуваат аналитичарите. Ако украинските вооружени сили ја турнат руската армија назад на исток од реката Псел, последните шест месеци од руската контраофанзива во овој сектор ќе бидат уништени.

Офанзивата на украинските вооружени сили беше изненадување за руската армија, забележа Z-блогерот „Алекс Паркер се враќа“. Според „Белоруски Силовик“, по првите загуби на територија следела оставка на командантот на 11. бригада, која била одговорна за оваа област и требало да го одбие нападот. „Дупките мораа да бидат затнати од сосема различни единици, кои не беа ни споменати во официјалниот извештај на руското Министерство за одбрана“, забележа Z-блогерот.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

Слично

Поврзани вести