Украинска лекарка снимила што се случува во Мариупол, го прошверцувала видеото, но паднала во рацете на Русите
Лекарка ги снимила ужасите во украинскиот град Мариупол, по што Русите ја заробиле и се губи секаква трага.
Таа ги снимила настаните на мемориска картичка не поголема од ноктот, а картичката е прошверцувана надвор од градот во тампон. Јулија Пајевска во Украина е позната како Таира, а прекарот го добила по ликот што го избрала во популарната игра World of Warcraft, пишува АП, пренесува Индекс.
Таа снимила 256 гигабајти видео снимки со натчовечките напори на нејзиниот тим во текот на две недели во Мариупол. Снимката ја добил тимот на Асошиетед прес. Новинарите на агенцијата АП пристигнаа во Мариупол рано наутро на 24 февруари, а го напуштија на 15 март. Руските војници ги заробија лекарката и нејзиниот возач на 16 март.
Русите ја прикажаа како Азовка. Лекарката е прикажана како соработник на националистичкиот баталјон Азов. АП не најде докази дека Пајевска некогаш и на кој било начин била поврзана со Азов.
На снимката се гледа дека таа се обидела да спаси ранети руски војници и украински цивили, пишува АП. На видеото од 10 март се гледа како украински војник грубо извлекува двајца руски војници од амбулантно возило. Едниот е во инвалидска количка, другиот е на колена и рацете му се врзани зад грб и ногата му е повредена.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, стотици истакнати Украинци се киднапирани или заробени. Меѓу нив има локални функционери, новинари, активисти за човекови права. Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина (HRMMU) изброи 204 случаи на присилно исчезнување. Петмина подоцна се пронајдени мртви. Меѓутоа, Русија негира дека ја фатила и покрај нејзините појавувања на телевизиските канали во сепаратистичката област Доњецк во Украина и на руската мрежа НТВ, со лисици на рацете и модринки на лицето.
Foto: Profimedia
