Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНСКА КРИЗА: Жестоки борби околу „Азовстал“, од Киев апелираат на помош од ЕУ за отворање на пристаништата

УКРАИНСКА КРИЗА: Жестоки борби околу „Азовстал“, од Киев апелираат на помош од ЕУ за отворање на пристаништата

Седумдесет и шестиот ден од војната во Украина. Борбите продолжуваат околу фабриката за челик Азовстал, како и други места на истокот и југот на земјата. Киев апелира за помош од ЕУ за отворање на пристаништето, бидејќи поради блокадата дневно се губат 170 милиони долари.

Путин и Зеленски испратија пораки по повод Денот на победата. Шефот на рускиот преговарачки тим Владимир Медински вели дека мировните преговори не запреле и дека се водат на далечина.

Додека во градот почнува реконструкцијата на уништените објекти, околу железарницата Азовстал сѐ уште траат борбите. Се проценува дека десетици украински борци се скриени во бункерите на металуршкиот комбинат.

Петро Андриушченко, градоначалникот на Мариупол, тврди дека руските сили извршиле напад врз фабриката за челик, фокусирајќи се на уништување на мостот за евакуација.

Конвој автобуси што превезуваа луѓе од југоисточна Украина, вклучително и околу 40 цивили кои се кријат во фабриката за челик Азовстал, пристигна во Запорожје, град контролиран од властите во Киев, соопштија Обединетите нации.

Шеесет лица загинаа во руското бомбардирање на училиште во село во областа Луганск, тврди украинскиот претседател. Во зградата имало 90 луѓе кои таму нашле засолниште. Руските ракетни напади продолжуваат и во други градови на истокот и југот на земјата, вклучувајќи ја и Одеса.

Ракетниот напад врз Одеса се случи во моментот кога претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, беше во посета на тој град на Црното Море. Поради тоа, за кратко време бил принуден да оди во прифатилиште.

Украинскиот претседател бара Мишел да направи се што е во негова моќ за да ги отвори украинските пристаништа блокирани од руските акции и да овозможи извоз на пченица и пченка. Тој вели дека е неопходно да се спречи кризата со храна во светот, бидејќи од Украина чекаат да се извезат речиси 25 милиони тони житарки.

Рускиот претседател Владимир Путин за време на прославата на Денот на победата изјави дека Русија се спротивставува на агресијата како мерка на претпазливост и дека тоа е единствената правилна одлука, бидејќи НАТО не сака да ја слушне.

Празникот беше скромно одбележан во Киев. „Украина нема да дозволи некој да тврди победа над нацистичка Германија“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Шефот на рускиот преговарачки тим со Украина, Владимир Медински изјави дека мировните преговори не престанале и дека се водат на далечина.

Слично

Поврзани вести