Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНА Е СПРЕМНА ДА ПРЕГОВАРА СО РУСИЈА: Дали ќе го признаат Крим како руски?

УКРАИНА Е СПРЕМНА ДА ПРЕГОВАРА СО РУСИЈА: Дали ќе го признаат Крим како руски?

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Украина нема да го признае Крим како руски. 

„Крим е наша територија, територија на народот на Украина. Немаме за што да разговараме на оваа тема – тоа е надвор од нашиот Устав“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател тврдеше дека дискусијата за прашањето за сопственоста на Крим само ќе доведе до продолжување на војната.

„Штом ќе почнеме да зборуваме за Крим, за нашите суверени територии, влегуваме во формат на продолжување на војната“, кажа Зеленски. 

Руската Федерација го припои украинскиот полуостров Крим во 2014 година.

Зеленски денеска изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот.

„Подготвени сме и да забележиме дека, по прекинот на огнот, подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифингот.

И рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од три години. 

Слично

Поврзани вести