Украинка од Херсон раскажа што смеат, а што не смеат да прават откако Русите го зазедоа градот
Едно од најважните правила е да не ги провоцираме руските војници, вели Украинката Нина за Би-Би-Си. Тоа е едно од правилата за жителите на Херсон.
Таа раскажала дека за разлика од вчера кога се слушале борби и експлозии, во градот денеска е тивко и мирно. Луѓето излегуваат за да купат храна. На периферијата има борби.
„Не можеме да се движиме во групи, не смееме да возиме брзо со автомобил. Мора да сме подготвени да застанеме и да покажеме што имаме во нашето возило“, раскажала Нина.
Проблем е тоа што голем број луѓе немаат вода, струја и интернет, а потребна им е и медицинска опрема.
Градоначалникот на украинскиот град Херсон, Игор Кољхаев, објави синоќа дека градот на југот на Украина паднал во рацете на руската армија, јави Би-Би-Си.
Веќе осум дена Русите војуваат во Украинците во Украина. 19 земји испратија воена помош за Украина. Досега загинаа над 2.000 цивили во Украина. Меѓу загинатите има и деца.
Фото: EPA-EFE/STANISLAV KOZLIUK ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET
