Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинец им викал на сонародниците да си одат дома да се борат и се самозапалил

Украинец им викал на сонародниците да си одат дома да се борат и се самозапалил

Повозрасен Украинец се самозапали денеска пред украинскиот конзулат во Краков, во Полска.

Како што пишуваат полските медиуми, тој им викал на сонародниците во редот пред зградата да се вратат во татковината и да се борат против Русија.

„Околу осум часот наутро, 63-годишен маж стоел во ред пред украинскиот конзулат во Краков, кога наеднаш почнал да вика нешто на украински. Во еден момент извадил тегла со запалива течност, ja истурил врз себеси, ја запалил и почнал да бега“, рече  портпаролот на полицијата во Краков, Пјотр Шпиех, за Полсат.

Полицаец од блиската патрола успеал со помош на случаен минувач да го изгасне пожарот на костумот на Украинецот, а брзата помош го пренела во болница каде лекарите процениле дека е во тешка состојба поради изгореници и дека неговиот животот е во опасност, јави полското радио RMF FM.

Откако Русија ја нападна Украина лани на 24 февруари, 11 милиони украински бегалци ја преминале полската граница, а 9,35 милиони се вратиле во Украина преку Полска. Полска до УНХЦР, доставила податоци според кои 1,5 милиони украински воени бегалци, главно жени и деца, добиле привремено засолниште и државна помош во Полска. Откако почна војната, Полска е една од земјите која понуди секаков вид на помош за Украина. Неодамна во Турција, Украинец се обиде да се самоубие поради војната.  Турската полиција пред пет дена во Истанбул приведе Украинец кој се обидел да се самоубие во знак на протест поради војната во неговата земја. Поранешниот украински полицаец А.А.И. ја поминал заштитната ограда на надвозникот на тунелот Таксим во центарот на Истанбул и се обидел да се самоубие. 

Слично

Поврзани вести