Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНЕЦ – НУРКАЧ ВИНОВЕН ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА НА СЕВЕРЕН ТЕК: Германија издаде европска потерница и налог за апсење

УКРАИНЕЦ – НУРКАЧ ВИНОВЕН ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА НА СЕВЕРЕН ТЕК: Германија издаде европска потерница и налог за апсење

Германија издаде европска потерница за украински инструктор по нуркање, кој наводно бил дел од тимот што го разнел гасоводот Северен тек, објавија во средата три германски медиуми.

Германските истражители веруваат дека човекот, чија последна позната адреса е во Полска, бил еден од нуркачите кои поставиле експлозивни направи на гасовод од Русија до Германија под Балтичкото Море во септември 2022 година.

Ова го објавија Die Zeit и телевизијата ARD, повикувајќи се на неименувани извори, објавени од Current Time - медиумски проект на руски јазик што го води РСЕ во соработка со Гласот на Америка.

Германското обвинителство одби да ги коментира извештаите. Во јуни, Германија побарала од Полска да го уапси човекот, се вели во извештајот.

Полска денеска потврди дека добила германска потерница за Украинец осомничен за саботажа на гасоводот Северен тек во 2022 година.

Полските обвинители изјавија за АФП дека добиле налог за „Володимир З“ во јуни „во врска со постапката против него во Германија“, но осомничениот заминал за Украина пред да биде приведен.

фото: EPA-EFE/Danish Defence Command 

Слично

Поврзани вести