Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците започнаа голема контраофанзива: „Руси, бегајте ако сакате да преживеете“ - им порача Зеленски

Украинците започнаа голема контраофанзива: „Руси, бегајте ако сакате да преживеете“ - им порача Зеленски

- Окупаторите треба да знаат, ќе ги избркаме до граница. До нашата граница, чија линија не е променета - рече Зеленски

Долгоочекуваната контраофанзива на украинските сили започна во јужниот регион Херсон, а украинскиот претседател Володимир Зеленски и порача на руската армија „време е да бегате ако сакате да преживеете“.

- Окупаторите треба да знаат, ќе ги избркаме до граница. До нашата граница, чија линија не е променета - рече Зеленски.

Тој исто така изјави дека оние кои ќе се предадат ќе бидат третирани според Женевските конвенции.

- Ако не ме послушаат, ќе се пресметаат со нашите бранители, кои нема да застанат додека не ослободат се што и припаѓа на Украина. Украина си го враќа своето. Ќе ги вратат Харковската област, Луганската област, Доњецката област, Запорожјската област, Херсонската област, Крим... Тоа ќе се случи – рече Зеленски.

Силите на Киев, наводно, утринава ја пробиле руската одбрана во неколку сектори на фронтот кај Херсон.

- Денеска треба да забележам дека руската одбрана беше пробиена за неколку часа - изјави Алексеј Арестович, висок советник на Зеленски, во видео интервју на YouTube.

Портпаролката на командата во Јужна Украина, Наталија Хуменјук, рече дека украинските сили нападнале повеќе од 10 локации минатата недела и „несомнено го ослабеле непријателот“ за време на брифингот во понеделникот.

Хуменјук одби да образложи, велејќи дека руските сили на југот и понатаму се „прилично моќни“ и дека на операцијата и е потребна „тишина“ бидејќи вниманието на медиумите може да влијае на резултатите. Нејзините тврдења не можеа да бидат независно проверени.

Русија тврди дека украинската офанзива „не успеала“

Руското Министерство за одбрана призна дека е започната нова украинска офанзива во областите на Миколаев и Херсон, но рече дека не успеала и дека Украинците претрпеле значителни жртви.

- Обидот за офанзива на непријателот пропадна неуспешно - се наведува.

Сепак, претставници на локалната власт назначена од Русија подоцна изјавија дека украинскиот ракетен бараж го оставил окупираниот од Русија градот Нова Каховка, источно од градот Херсон, без вода и струја.

Извештаите од бојното поле не можеа независно да се проверат.


фото: ЕПА
Слично

Поврзани вести