Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците велат дека за само 18 минути собориле четири руски хеликоптери

Украинците велат дека за само 18 минути собориле четири руски хеликоптери

Украина тврди дека собориле четири руски хеликоптери за многу кратко време. 

Украинската армија објави дека соборила четири руски хеликоптери на југот за само 18 минути. Велат дека противвоздушни ракети на украинските воздухопловни сили утрово во периодот од 8:40 до 8:58 часот, ги погодиле руските хеликоптери.

„Постои голема веројатност бројот на потврдени соборени хеликоптери да се зголеми“, се наведува во соопштението на украинските воздухопловни сили.

Украинците тврдат дека еден од соборените хеликоптери, најверојатно напреден борбен хеликоптер Ка-52, се урнал на територија што Украинците неодамна ја ослободија од проруските сепаратисти, а другите паднале зад непријателските линии.

Информација е делумно потврдена од проруски извори, наведува „Sky News“.

Украина воедно тврди дека ослободила пет населени места близу Херсон. 

Слично

Поврзани вести