Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците успеале да повратат околу 201 квадратен километар територија за четири дена?

Украинците успеале да повратат околу 201 квадратен километар територија за четири дена?

Украинската армија во изминатите денови имала најбрз територијален напредок од летото 2023 година, покажуваат анализи базирани на теренски податоци и геолокациски снимки од фронтот. Силите на Украина успеале да повратат околу 201 квадратен километар територија за период од само четири дена.

Овој напредок е регистриран на повеќе делови од фронтот, особено во источните и јужните региони каде линијата на борбите со месеци беше речиси непроменета. Аналитичарите велат дека ваквото темпо на напредување е ретко во актуелната фаза од војната со Русија.

Според извори поврзани со украинската страна, еден од факторите што придонеле за пробивот бил прекин во комуникациските системи Старлинк што ги користеле руските единици, што ја намалило нивната способност за координација и брза реакција. Во делови од фронтот украинските сили успеале да ослободат повеќе населени места и да оттурнат руски позиции зад природни пречки со тактичко значење.

На 24-ти месецов ќе се навршат четири години од почетокот на руската инвазија на Украина. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Слично

Поврзани вести