Украинците тврдат дека убиле уште еден руски генерал
Во Украина е убиен уште еден руски генерал, тврди Киев. Истото го тврди и Западот.
Официјалните лица не го именуваа генералот, но претходно украинската војска објави дека е убиен генерал-мајорот Андреј Колесников. Тој бил командант на 29-та армија на источниот округ на Русија.
Украинските разузнавачи минатата недела објавија дека генерал-мајорот Витали Герасимов, началник на Генералштабот на 41-та армија, е убиен кај источниот украински град Харков, заедно со други високи офицери. Тоа го потврди и истражувачкиот новинарски веб-сајт Белингкет.
Во почетокот на месецов, руските медиуми потврдија дека е убиен заменик-командантот на 41. армија, генерал-мајорот Андреј Суховецки.
Аналитичарите претходно рекоа дека „присуството на високи воени личности на или во близина на бојното поле може да биде знак дека операциите на Русија не одат според планираното“, пренесе Би-би-си.
Во Украина се војува веќе 16 дена.Украинскиот претседател Влодомир Зеленски изјави дека се движат кон победа.
фото Принтскрин
