Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците тврдат дека се уништени 34 болници, и СЗО реагира за ваквите напади

Украинците тврдат дека се уништени 34 болници, и СЗО реагира за ваквите напади

Тедрос Аданом Гебрејесус од Светската здравствена организација(СЗО)  потврди „неколку“ напади врз здравствени центри во Украина и истражува други. 

Укажа дека имало загинати и повредени во нападите. 

„„Нападите врз здравствените установи или работници ја нарушуваат медицинската неутралност и се кршење на меѓународното хуманитарно право“, напиша тој.

Украинскиот министер за здравство Виктор Лиашко, изјави дека „руските терористи веќе оштетија 34 болници во Украина, поради што некои од нив воопшто не се во можност да даваат услуги“, пишува Укринформ.

При нападите имаше и загинати деца. Веќе 11 дена по ред, руските и украинските војски војуваат во Украина. 

Најновите информации од Украина укажуваат дека близу пункт кај Киев се убиени цивили. 

Слично

Поврзани вести