Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците тврдат дека Русите ги пакуваат куферите од уште една важна локација

Украинците тврдат дека Русите ги пакуваат куферите од уште една важна локација

Официјален Киев тврди дека Русите се подготвуваат за ново значајно повлекување во Украина. 

Шефот на украинската државна енергетска компанија „Енергоатом“, Петро Котин, навестува дека постојат индикации дека руските сили се подготвуваат да се повлечат од нуклеарната централа Запорожје. Високиот украински претставник тврди дека ќе заминат затоа што Русија нема да може да ја задржи контролата над нуклеарната централа по притисокот од украинските сили.

„Се добива впечаток дека ги пакуваат куферите и носат што можат“, изјави Котин на украинска телевизија.

Руските сили ја зазедоа електраната Запорожје, лоцирана во близина на градот Енергодар, во првите месеци од руско-украинската војна. Но, Кремљ не покажа никакви индикации дека има намера да се откаже од контролата врз фабриката. Проруските власти во Енергодар ги негираа тврдењата на Киев за можно повлекување на Русија, инсистирајќи дека „оваа информација не соодветствува со реалноста“ и дека нуклеарната централа Запорожје „останува под руска контрола“, наведува Си-Ен-Ен.

Инаку, Украина уапси службеник во Херсон, кого го сомничат дека им помагал на Русите.

Слично

Поврзани вести