Украинците тврдат дека освоиле територии на југоисток, жестоки борби има кај Бахмут
Украина тврди дека освоила територии и се водат жестоки борби кај градот Бахмут.
Украинските власти велат дека освоиле територии на југоисточниот фронт. Украинската армија тврди дека постигнала поголем успех во контраофанзивата на југоисточниот фронт денеска, еден ден откако објави дека ја презела контролата врз селото Урожане во областа Доњецк.
Воениот портпарол Андриј Ковалиов изјави дека украинските сили напредуваат јужно од тоа село, кон Азовското Море, пренесува „Ројтерс“.
Тој рече дека жестоки борби се водат во североисточниот дел на регионот Харков недалеку од Бахмут, град кој руските сили го зазедоа во мај по неколкумесечни крвави борби.
„Украинските сили продолжуваат со офанзивните дејства јужно од Бахмут“, рече тој.
НАТО не го променило ставот, односно Украина сама ќе одлучи за мировните преговори. Ова го соопшти генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Претходно, шефот на неговиот кабинет Стиан Јенсен во вторникот кажа дека Украина можеби сепак ќе мора да се откаже од територија во корист на Русија за договор за завршување на војната. Јенсен подоцна кажа дека му е жал поради таа изјава. Украина остро го отфрли овој предлог и тие не сакаат да прват компромис за територија. Руската инвазија на Украина почна пред година и пол.foto Twitter
