Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците тврдат дека ја вратиле контролата врз 11 градови

Украинците тврдат дека ја вратиле контролата врз 11 градови

Украинските сили ја вратиле контролата врз 11 градови и села. 

Украински владини претставници денеска соопштија дека е запрено напредувањето на руските сили во североисточните предградија на Киев и во јужниот регион Херсон. Руските сили не го зазедоа Бровари, иако имаше борби во соседните села. Украинските сили го ослободија градот Вишхород, што е лоциран северно од Киев. Херсон е единствениот голем украински град кој е под контрола на руските сили.

Русија тврди дека загинале 17.700 руски војници, и според нив уништени се 1.751 оклопно возило.  Но, Русија ретко објавува бројка на загинати војници и тие бројки се драстично помали од оние кои ги објавува украинската страна.  На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина. Сега се преговара за ставање крај на војната. 

Слично

Поврзани вести