Украинците со повисока цена на гасот ќе го плаќаат конфликтот со Русија
Минималната тарифа на гасот за населението на Украина ќе се зголеми за 41 отсто, односно ќе достигне цена до 1018 украински гривни (80 долари) за кубен метар. Националната комисија за регулирање на енергетиката на Украина донела ваква одлука, со која секако нема да бидат задоволни потрошувачите во Украина, пренесе „РИА Новости“
Досега минималната цена за гасот во Украина изнесуваше 720.54 гривни (64 долари) за метар кубен. Дополнително, вчера министерот за финансии на Украина Александар Шлапак изјави дека Владата одлучила да ги зголеми цените на бензинот за сите корисници во просек за 73 отсто, а од јули на топлинската енергија во просек за 40 отсто.
Украина неодамна го изгуби попустот за набавка на природен гас од Русија. Но, за зголемување на тарифата за гас за населението инсистира и Меѓународниот монетарен фонд како еден од условите што Киев треба да ги исполни за да добие нови заеми од Фондот.
Слично
