Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците се засилуваат со 16.000 странски доброволци

Украинците се засилуваат со 16.000 странски доброволци

На помош на украинските војници им доаѓаат 16.000 странски доброволци. 

Украинскиот претседател Влодомир Зеленски претходно неделава изјави дека формирал меѓународна легија за странски доброволци, кои се подготвени да ѝ помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија. Зеленски рече дека ќе бидат примени само доброволци со воено искуство.

Над илјада странци досега се приклучиле на украинската страна во борбите против Русија. 

„Доброволци од 16 земји ширум светот веќе дојдоа во Украина, подготвени да се борат заедно со украинскиот народ против агресорите“, изјави вчера украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. 

Тој не даде податоци од кои земји се лицата. Украина веќе осум дена се бори против руската инвазија. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести