Украинците се „залетаа“, Германија нема да им даде влез во НАТО!
Прашањето за членството на Украина во НАТО не е на дневен ред, изјави шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер.
За мене, членството на Украина во Северноатланската Алијанса не може да биде на дневен ред. Во секој случај не ја гледам Украина на пат кон НАТО“, рекол Штајнмајер за германската ТВ станицу ЗДФ.Шефот на германската дипломатија рекол дека е „за транспарентност по повод ова прашање“, како и дека е „неопходно да се биде реален“.
„Ние сме во центарот на опасен конфликт. Состојбата во Украина е далеку од идеална, но во исто време понатамошната ескалација останува како можност. Поради тоа е важно да и се објасни на јавноста на кои прашања не треба да им се додава масло на огнот“, додал германскиот министер, пренесува руската агенција ТАС С.
Слично
