Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД ДВЕ СЕЛА: Постои опасност да бидат опколени

УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД ДВЕ СЕЛА: Постои опасност да бидат опколени

Украинците добија наредба да се повлечат од две села во Доњецк. 

Украинските сили се повлекоа од областа околу селата Успенивка и Трудово во источниот регион Доњецк за да не бидат опколени од руските војници кои напредуваат.

Ројтерс пишува дека украинските сили се активирани во интензивни одбранбени битки и развлечени, а Русите напредуваат по линијата на фронтот.

„Главниот командант на вооружените сили на Украина одлучи да ги повлече единиците на украинските одбранбени сили од предметната област за да се избегне опкружување“, објави украинската група сили „Хортиција“ на Телеграм.

Воените единици ќе продолжат со операциите во областа Курахово-Константинополска.

Русија утрово нападна објект во Киев, каде биле сместени повеќе амбасади меѓу кои и македонската. Повредени нема, но е причинета материјална штета. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека разговарал со францускиот колега Емануел Макрон за неговиот предлог за распоредување војници во Украина како начин за постигнување стабилен мир.

Британските трупи би можеле да бидат испратени во Украина за да обучуваат војници во војната против Русија, навести британскиот министер за одбрана, Џон Хили.

Слично

Поврзани вести