Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците сами праќаат хуманитарен конвој во источните делови на земјата

Украинците сами праќаат хуманитарен конвој во источните делови на земјата
По налог на украинската Влада, од три украински града - Киев, Днипропетровск и Харков кон истокот на земјата тргна 71 камион со речиси 800 тони хуманитарна помош за граѓаните на областите околу Доњецк и Луганск, изјави портпаролот на украинскиот Совет за национална безбедност Андриј Лисенко. Хуманитарната помош ја сочинуваат храна, вода, медицински материјали, производи за хигиена, како и други средства неопходни за граѓаните во источна Украина. Украинските власти и натаму одбиваат да го пропуштат конвојот со руска хуманитарна помош за источните украински области, стравувајќи дека тој е само параван за руска воена интервенција во земјата.
Слично

Поврзани вести