Украинците погодиле станбена зграда во рускиот град Белгород
Во украинско гранатирање е погодена станбена зграда во рускиот град Белгород.
Градоначалникот Антон Иванов вели дека еден станбен блок е погоден и оштетен во украинското гранатирање на Белгород. Се вели дека остатоци од проектил или дрон паднале врз зградата откако ги погодиле системите за противвоздушна одбрана.
„Денес повторно требаше да се активира противвоздушната одбрана. Има оштетувања на зграда на улицата Губкина“, напиша градоначалникот на Телеграм.
Откако почна војната во Украина, на 24 февруари, во повеќе наврати и руската страна објавуваше дека се погодени објекти во нивни села преку границата. САД ветија дека ќе донираат оружје за Украина, но ја предупредија да не гаѓа цели на руска територија.
Слично
