Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците погодија база на Крим, а дрон е соборен над Москва

Украинците погодија база на Крим, а дрон е соборен над Москва

Украински дрон погодил база на Крим, а друг украински дрон е соборен кај руската престолнина Москва. 

Украинската воена разузнавачка агенција (ГРУ) утринава информираше дека украински дрон ноќеска погодил руска воена база на Крим, а локалното население тврди дека има жртви, јавуваат британските медиуми.

Претставници на ГРУ изјавија дека е нападната и погодена 126-та крајбрежна одбранбена бригада, чие седиште се наоѓа во градот Перевалњоје, на повеќе од 200 километри од територијата контролирана од Киев.

„Потврдуваме дека дојде до погодок“, изјави портпаролот на ГРУ, Андриј Јусов за порталот Лига.Нет, пренесен од британските медиуми.

Жителите на Перевалњоје на Телеграм пишуваат дека слушнале експлозии од воената база и тврдат дека има жртви.

Според локалните жители, две лица загинале на полигонот, а едно е префрлено во болница во тешка состојба.

Руската противвоздушна одбрана рано утринава уништила украинско беспилотно летало над Москва, објави руското Министерство за одбрана. Дронот е соборен над московската населба Истра, јави Тасс.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на својот канал Телеграм, потврди дека дронот е соборен додека се приближувал кон центарот на руската престолнина и дека нема повредени.

Трите главни московски аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково ги прекинаа летовите. 

Шефот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Кирило Буданов пред два дена најави дека ќе се вратат на Крим и дека сите ќе бидат изненадени. 

Слично

Поврзани вести