Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците планирале со дрон да го убијат Путин?

Украинците планирале со дрон да го убијат Путин?

Германските медиуми пишуваат дека Украинците се обиделе да го убијат рускиот претседател Владимир Путин во неделата.

Како што објави германскиот весник „Билд“, украинската тајна служба се обидела да го убие Путин со беспилотно летало камиказа. Како што пишува „Билд“, дронот UJ-22 полетал во Украина во неделата попладне. Тоа е најмодерното украинско беспилотно летало со среден дострел со домет до 800 километри. Наводно целта бил новоизградениот индустриски парк во близина на главниот град Москва, кој Путин требало да го посети тој ден. Пред да стигне до паркот, дронот се урнал.

Украинскиот активист Јуриј Романенко, за кој се вели дека има блиски врски со разузнавачките служби на Киев, преку писмо ја презеде одговорноста за нападот. Тој му порача на Путин дека се поблиску до него. Путин не се појави во паркот. Од Кремљ рекоа дека тој не планира да оди на јавни настани. Украински дронови досега неколку пати паднаа на руска територија. Во Украина вчера руските сили извршија напад на музеј во Крупјанск, а денес цел на напад беше зграда во Николаев. И во двата напади имаше загинати цивили.  Војната почна лани на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести