УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА ФОТОГРАФИЈА ОД ЗАРОБЕНИ РУСКИ ВОЈНИЦИ - порачале: добредојдовте во пеколот
Копнените сили на Украина објавиле слика од заробени руски војници на Фејсбук.
Заедно со сликата од тројцата војници напишале и кратка порака.
"И овие кутри дивјаци ќе ни покажат како да живееме на нашата земја дадена од Бог? Тие немаат поим со кого дошле во контакт. Добредојдовте во пеколот - орки!" напиша украинската армија на Фејсбук.
Да потсетиме, денеска немаше поголеми конфликти меѓу руската и украинската армија. Утрово беше објавено дека се отворени хуманитарни коридори од неколку украински градови опколени од руската армија, а наскоро ќе започне и третата рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина.
Извор: Индекс.хр
Фото: Фејсбук
Слично
