Украинците објавија-Еве кога би можела да биде завршена војната: Наскоро мировна спогодба
Специјалната операција на руската армија во Украина влезе во 20-ти ден. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во понеделникот вечерта испрати закон до Парламентот, со кој бара продолжување на воената состојба за уште 30 дена, почнувајќи од 24 март.
Инвазијата на руската армија врз Украина влезе во 20-ти ден, а според Украинците мировните преговори меѓу завојуваните страни треба да завршат најдоцна во мај.
Според шефот на кабинетот на Украина, мировниот договор со Русија може да биде постигнат најрано за 1-2 недели, а најдоцна во мај, изјави во понеделникот Алексеј Арестович.
„Мислам дека треба да постигнеме мировен договор најдоцна до мај или до почетокот на мај, а можеби и многу порано“, изјави советникот на началникот на кабинетот на претседателот на Украина Алексеј Арестович на каналот Јутјуб на новинарот Марко Фегин.
Претходно шефот на рускиот преговарачки тим Владимир Медински покажа фотографија од четвртата фаза од руско-украинските преговори и истакна дека разговорите во видео формат се одржуваат секојдневно. Овој формат заштедува ресурси, тврдат Украинците.
