Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците oбјавија дека во 21 часот може да ги нападне Белорусија

Украинците oбјавија дека во 21 часот може да ги нападне Белорусија

Украинците стравуваат од нова инвазија и велат дека во 21 часот ќе ги нападне Белорусија. 

Украинскиот центар за стратешки комуникации информираше дека не може да ја исклучи можноста Белорусија да изврши инвазија на Украина во следните два часа.

„Според прелиминарните податоци, белоруските трупи може да бидат вовлечени во инвазија на 11 март во 21:00 часот (19.00 часот по Гринич)“, се вели во соопштението на центарот.

Украина ја обвини Русија дека се обидува да ја вовлече Белорусија во војната. 

Киев ја обвини Москва дека пукала во населба во Белорусија во близина на границата со Украина во обид преку „лажно знаме“ да го привлече Минск да се приклучи на војната. 

Слично

Поврзани вести