Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците објавија дека уште еден руски генерал загинал во Украина

Украинците објавија дека уште еден руски генерал загинал во Украина

Загина уште еден руски генерал во Украина, тврдат Украинците. 

Од канцеларијата на претседателот Володимир Зеленски соопштија дека украинската армија убила уште еден руски генерал, пренесува „Киев Индипендент“.

Рускиот генерал Јаков Рјезанцев е убиен во Чорнобаивка северно од Керсон, каде што се водат жестоки борби меѓу Украинците и Русите, тврди Олексеј Арестович, советник на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

„Украинските сили го убиле командантот на 49-та руска армија на Јужниот округ, генерал Јаков Рјезанцев, во напад на Чорнобаивка кај Керсон“, истакна Арестович.

Оваа информација засега не е потврдена од руска страна. Ако се потврди дека е точно, ова е шести руски генерал кој загина во Украина за период од еден месец откако почна војната.

Русија јавува за 1.351 руски војник загинат во Украина, и тоа е многу под западните проценки кои говореа дека има над 10.000 загинати. 

Командантот на руската армија Сергеј Рудскoј изјави дека Русија сега ќе ги насочи своите напори на целосно ослободување на Донбас, регион во источна Украина каде што се наоѓаат проруските сепаратистички региони Луганск и Донецк.

Слично

Поврзани вести