Украинците објавија дека уништиле голем руски брод кој носел муниција и персонал
Украинците тврдат дека уништиле голем руски брод.
Украински проектили денеска погодија брод-влекач на руската морнарица на пат кон Змискиот остров, тврди гувернерот на областа Одеса, Максим Марченко, пренесува Б92. Министерството за одбрана на Украина на Твитер објави дека се работи за бродот „Василиј Бег“ кој носел муниција и персонал, а сега е „демилитаризиран“.
Во средината на април, откако откако го зафати пожар, еден од најважните бродови на руската морнарица, крстосувачот „Москва“ потона. Потоа имаше уште еден ваков инцидент.
фото: твитер/принтскрин
Слично
