Украина тоне во долгови – граѓаните на протести, власта не попушта!
На мирни протестите повика денеска украинскиот претседател Виктор Јанукович. „Подобро лош мир, отколку добра војна“, е првиот коментар на Јанукович случувањата во земјата и масовните протести по пресвртот што го направи владата од Европа кон Русија. Премиерот на Украина, Микола Азаров изјави дека политичката опозиција си прави илузија ако мисли дека може да изврши преврат. За рускиот претседател пак , Владимир Путин демонстрациите во Киев се „акции кои се подготвувани однадвор“.
„Гледаме дека во нив се вклучени добро организирани групи. Тоа е обид за дестабилизација на една легитимна влада“, истакна Путин.
Дипломати од Европската унија признаваат дека е " време за размислување " , откако Украина категорично ја одби можноста да се зближи со блокот за време на дводневниот самит на Источното партнерство во Вилнус, пишува онлајн изданието EurActive.com .
Извори на весникот известуваат дека претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и на Советот на ЕУ Херман ван Ромпуј му понудиле на претседателот на Украина Виктор Јанукович да го потпише договорот за слободна трговија со заедницата без земјата да ги исполни сите барања на Брисел , вклучувајќи го и ослободување на поранешниот премиер Јулија Тимошенко од затвор.
Украинскиот претседател сепак одбил поради изборите во 2015 година , кои се надева дека ќе победи. На претстојната билатерална средба меѓу ЕУ и Русија сепак Херман ван Ромпуј ќе ги повика Владимир Путин да престане да ги притиска поранешните советски републики. Според зборовите на Ромпуј обидите на Русија за вакво влијание се во спротивност со обврските на Москва кон Организацијата за Безбедност и соработка.
Весникот посочува дека Источното партнерство - создадено во 2009 година и иницијативата за приближување со земјите од поранешниот Советски блок , е прилично лоша , откако четири од шесте држави-учеснички се дистанцираа од ЕУ . Единствено Молдавија и Грузија се обидуваат да си обезбедат европска иднина .
Покрај неуспехот на самитот во Вилнус , Унијата најверојатно нема да воведе санкции на Украина , јави EUObserver.com .
„Никој не сака Украина да стане втора Белорусија . Примерот со Белорусија ни даде лекција - санкциите не даваат резултати" , коментира извор на весникот, кој побарал анонимност.
Во меѓувреме вицепремиерот на Русија, Игор Шувалов соопшти дека Москва најверојатно ќе ми даде на Киев поевтини природен гас , пренесе агенцијата Bloomberg . Според зборовите на Шувалов економските проблеми на Украина ќе бидат решени најлесно , ако земјата избере интеграција со Русија .
„Никој , освен Русија , не може да и ги обезбеди на Украина потребните средства толку брзо и во толкава количина . Договор за гас би помогнал на Украина да реши еден голем проблем . Можеме да и дадеме на земјата и кредит , но нема да и помагаме без ангажман од нејзина страна " , додава тој .
Економијата на Украина влезе во трета рецесија од 2008 година , откако значително се намали побарувачката на челик . Резервите од девизи во земјата , исто така се при крај. Трошоците за сервисирање на украинскиот јавен долг постојано растат и веќе се меѓу највисоките во светот. Илјадници луѓе се на улица во главниот град Киев и се подготвуваат за нови демонстрации. Меѓу 100 илјади и 500 илјади луѓе се приклучија на вчерашниот протест и покрај издадената забрана од градските власти .
Слично
