Украинците може да ја добијат војната, вели Блинкен
Веќе десет дена се војува во Украина, а американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави за Би-Би-Си дека е убеден дека Украина може да победи во војната против Русија.
Тој не може да предвиди колку ќе трае војната. Блинкен рече дека ако прекршувањето на принципите на меѓународното право остане неказнето, ќе се отвори Пандорината кутија и тоа ќе се повтори во сите делови на светот.
„Оваа издржливост на украинскиот народ е неверојатна. Доколку Москва се обиде да ја собори украинската влада и да воспостави марионетски режим, 45 милиони Украинци ќе одбијат на еден или друг начин. Текот на нападот досега не се одвиваше како што планираше Путин“, рече Блинкен.
Украинската страна тврди дека убиле над 9.000 руски војници. На 24 минатиот месец, Русија ја нападна Украина.
Во меѓувреме, во два града во Украина е договорен прекин на огнот.
