Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците ја фатиле српската снајперистка која се бори на страната на сепаратистите од Доњецк

Украинците ја фатиле српската снајперистка која се бори на страната на сепаратистите од Доњецк

Украинците соопштија дека ја фатиле српската снајперистка Багира, кој со години се бори за проруските сепаратисти во Донбас. 

Тие велат дека Багира, на која вистинското име и е Данијела Лазовиќ, пукала во нивните војници заробени во делови на Донбас. 

Украинските медиуми ја пренесоа и објавата на украинскиот војник кој на Фејсбук објави фотографија од запленетите документи на Лазовиќ. Тие го носат лажното име на Ирина Старикова, под кое се верува дека Багира оперирала на боиштата во источна Украина. Во документот се фалсификувани и податоци за раѓање, и пишува дека е родена во Доњецк во 1981 година.

Медиумите ја наведуваат и нејзината наводна изјава според која рекла дека другарите ја оставиле знаејќи дека е ранета и дека ја оставиле да умре.

Информации за фаќањето на Лазовиќ објави и Ѓорѓи Ревишвили, истражувач на Катедрата за воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон. Тој рече дека таа е одговорна за убиството на 40 Украинци, вклучително и цивили. Украинците со години се обидуваат да ја фатат.

Во 2014 година, Лазовиќ им се придружи на проруските сепаратисти во регионот на Доњецк. 

Слично

Поврзани вести