УКРАИНЦИТЕ ЈА ДОЗНАА ЛОКАЦИЈАТА: Руски турист се фотографирал покрај ракетниот систем „С-400“
Руски турист им ја откри локацијата на ракетниот систем „С-400“ на Украинците.
Киев соопшти дека биле груби со руските туристи, но сега им се благодарни затоа што ја откриваат позицијата на моќните ракетни системи на Крим.
Фотографијата се појави на страницата за социјални медиуми ВКонтакте – руски еквивалент на Фејсбук викендов, полна со податоци за геолокација.
Тоа им овозможи на интернет-трагачите да ја лоцираат противвоздушната батерија – која се претпоставува дека е најсофистицираната во Русија – во поле за сол во близина на градот Евпаторија.
Локацијата е во согласност со извештаите за активност на противвоздушните системи во областа за време на викендот на рускиот гувернер на Севастопол, Михаил Развозаев.
Наталија Хумениук, портпаролка на јужната команда на Украина, изјави за „Волстрит џорнал“ викендов дека ранливата логистика на Русија е нејзината најдобра шанса за победа.
„Украина нема да може да ја надмине Русија во однос на бројот на војници, возила или огнена моќ – и покрај тоа што го мобилизира своето население и добива залихи од Запад“, призна таа.
Војната во Украина почна на 24 февруари. Неодамна имаше напади на Крим, каде руски туристи беа затечени од она што се случува. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди украинските функционери да не изнесуваат во јавност многу информации околу воената тактика.